1.1 Кога имам право на рекламација?

 Доколку примениот производ не е во согласност со описот на нашата веб-страница, е видно оштетен или не работи правилно, имате право законски да горекламирате во рок од 15 дена од приемот на пакетот.

1.2 Дали има некакви трошоци за рекламација?

Доколку откриеме дека рекламацијата е оправдана, купувачот нема дополнителни трошоци за испорака. Доколку приговорот е неоправдан, трошоците за испорака паѓаат на товар на купувачот.

1.3 Која е постапката за рекламација?

Кога ќе одлучите да рекламирате одреден производ, потребно е писмено да не известите преку е-пошта contact@myonlinemall.mk, телефон +389 71 321 312 или во порака преку нашата Facebook страница на следниот линк: facebook.com/myonlinemall.mk

Потребни податоци за рекламација:

1. Име и презиме на клиентот

2. Број на пакет (ќе го најдете под назив Tracking number под QR кодот на адресницата ЛЕВО)

3. Датум кога е направена нарачката

4. Назив на нарачаниот продукт

5. Причина за рекламација

6. Најмалку 3 фотографии или видео (во случај на дефект или оштетен продукт)

Доколку рекламацијата е оправдана, имате право да изберете: враќање на средства (рефундација) или да ви испратиме нов производ (замена). Производот потоа треба да биде добро спакуван, обезбеден и даден на курир кој ви носи нова пратка (замена / рефундација). Доставата ја плаќаме ние.

Доколку рекламацијата не е оправдана, а производот и оригиналното пакување не се оштетени, имате право да изберете: враќање на средства (рефундација) или да ви испратиме нов производ или друг производ со иста цена (замена). Доставата ја плаќате вие.